Macedonia team Anita Staninova Mirceva
mk.willkommen.office@gmail.com
СЕДМИ МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ЗА СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ
Драги колеги,
Ве покануваме и оваа година да учевствувате како соработници и партнери на Седмиот Меѓународно Willkommen натпревар за странски јазици.
Кој се може да учевствува?
Право на учевство:
Основните училишта каде што англиски се изучува како прв странски јазик (четврто, петто, шесто, седмо, осмо и деветто одделение)
Основните училишта каде што германски се изучува како втор странски јазик (шесто, седмо, осмо и деветто одделение)
Основните училишта каде што француски се изучува како втор странски јазик (шесто, седмо, осмо, деветто одделение)
Средните училишта каде што англиски се изучува како странски јазик (прва, втора, трета и четврта година)
Средните училишта каде што германски се изучува како странски јазик (прва, втора, трета и четврта година)
Средните училишта каде француски се изучува како странски јазик (прва, втора, трета и четврта година)
Специјални категории за натпревар не се предвидени.
Како може да се пријави училиштето или поединците
Училиштата кои сакаат да учевствуваат, го потполнуваат формуларот за регистрација на училиштето и го праќаат по маил на координаторот кој е одговорен за нивната земја. Координаторот WILLKOMEN испраќа повратен маил на училиштето кое се регистрирало за потврда на регистрацијата со што училиштето е пријавено за учевство во натпреварот. После регистрацијата и добивањето на повратна потврда, училиштето има право да ги пријави сите заинтересирани ученици.
Ученикот и неговиот ментор можат да се пријават и самостојно без регистрација и пријава на училиштето. За истото потребно е да се потполни формуларот за индивидуална пријава и заедно со скенираната уплатница за котизација на ученикот да се испрати на маил на главниот координатор, за земјата од која се пријавува. После пријавата на учениците стигнува потврда за учевство на натпреварот.
Ученикот кој ја платил котизацијата ќе биде регистриран како пријавен.
Зошто да се учевствува?
Најдобрите пласирани ученици, коишто ги задоволуваат критериумите на натпреварот, добиваат:
I награда
1. Наградно патување во Виена.
За наградените ќе биде организиран превоз, сместивање во хотел, придружник од здружението WILLKOMEN (професори по германски, француски и англиски јазик), здравствено осигурување, водич при патувањето и туристичко разгледување на Виена.
Да се стекне услов за патувањето потребно е да бидат пријавени минимум 80 ученици од генерација на ниво на цела земја, а ако се пријават 160 и повеќе ученици на ниво на една генерација во една земја, право за наградно патување во Виена стекнува и менторот на ученикот кој е прво награден.
1. Диплома за освоено прво место
2. Медалја за освоено прво место
II награда
1.Двојазичен речник (англиски, германски, францсуки)
2.Диплома за освоено второ место
3.Медалја за освоено второ место
III награда
1.Граматика (англиски, француски, германски)
2. Диплома за освоено трето место
3. Медаља за освоено трето место
Сите наставници – ментори добиваат сертификат за учевство на Меѓународен натревар
Училиштата партнери добиваат Благодарница за учевство на Меѓународен проект.
Училиштата во кои има повеќе од 100 ученици добиваат речник за школската библиотека.
Колку изнесува котизацијата?
Котизацијата за учевство изнесува 6 евра по учесник.
До кога може да се пријавите?
Пријавата трае до 10 мај, а натпреварот ќе се одржи на 18 мај 2019 година во просториите на основните и средните училишта, кои ќе се пријават за учевство на проектот и од каде има пријавено ученици.
Каде и како стигнува материјаот за натпревар?
Тестовите за натпревар и упатството за реализација на натпреварот се испраќа до сите училишта пријавени да учевствуваат на натпреварот и до училиштатат од каде има пријвено ученици за натпреварот, еден ден пред одржувањето на натпреварот, по маил или пошта во зависност од бројот на пријавени ученици.
За подетални информации околу материјаолот за тестирање можете да го контактирате координаторот од Вашата земја.
Време на реализација на натреварот
Тестирањето се одвива истовремено во сите училишта на 18 мај 2019 година и тоа:
1. Англсики јазик од 9 часот
2. Француски и германски јазик од 12 часот.
ТЕСТ
Почитувани, бидејќи дел од Вас преку прашања и сугестии до координаторот, укажуваа дека има одредени изместувања во однос на наставните содржини, кои се во тестовите што можете да ги видете во архивата на Willkommen, односно дека севкупната наставна содржина што ја изучувате не соодвествува со тестовите кои можете да ги погледнете во
архивата, ги замолуваме наставниците да го погледнат и другите тестови кои се наоѓаат во
архивата.
Доколку има поместување на одредени наставни содржини, ги молиме професорите, да согледаат, на кое ниво одговара содржината која ја обработуваат со своите ученици и за тоа ниво, односно одделение, да ги пријават своите ученици на
натпреварот. Во таков случај, ги молиме колегите, да стават во напомена, кое оддление се учениците кои ги пријавуваат и на кое ниво ги пријавуваат истите (спрема проценката на наставникот и спрема наставаната содржина која се обработува).
Учениците натпреварувачи, кои се четврто и петто оддление и истовремено се победници на натпреварот, во случај да не можат поради возраста или било која друга причина да го прифатат наградното патување во Виена, можат да го земенат со таблет, односно, наместо патување да добијат таблет.
Тестовите се работени според наставната материја за секое одделение.
Тестот се состои од два дела, при што вториот дел е слободен состав и се обработува тема која е предвидена со наставната програмата за работа.
Доколку два или повеќе ученика имаат ист број на поени решавачко е бодирањето од составот.
Решавањето на тестот трае 60 минути + 45 минути состав за учениците од основните училишта и 60 + 60 минути за учениците од средните училиште.
Примери од досегашните тестови можете да погледнете на нашиот сајт и истите да помогнат во текот на подготовките за натпреварот.
Резултатите ќе бидат објавени во рок од 30 дена на сајтот на Willkommen и испратени на маил на училиштата од каде има учесници.
Срдечен проздрав, тимот на WILLKOMMEN
Documents and Application forms
Online Payment
Credit Card Payment - Platite kreditnom karticom
PayPal Payment - Platite PayPal-om
Direct BANK Payment
Organisation : NAKEC Willkommen
tel: +381692633221
IBAN: RS35160005400004617879
SWIFT: DBDBRSBG
Bank : BANCA INTESA AD
Adress :MILENTIJA POPOVICA 7B
BEOGRAD, REPUBLIKA SRBIJA
Purpose of Payment : Participation fee
Adress: NAKEC WILLKOMMEN
ĐURE DUKIĆA 82
KRALJEVO
REPUBLIC OF SERBIA